Српскиот интернационалец Бранислав Ѓекиќ по трет пат ќе го носи дресот на Кошаркарскиот клуб Куманово.
Loading...
Во редовите на сино-белите дваесет и деветгодишниот кошаркар доаѓа од босанскиот Спарс, каде оваа полусезона бележи просек од 6,6 поени на осум одиграни натрепвари, а играше и во АБА2 лигата.
View this post on Instagram
Сепак, Ѓекиќ нема да игра на претстојните два натпревари во БИБЛ лигата кои ќе се играат во Бугарија, но негов настап се очекува против Вардар во домашното првенство.
Инаку, српскиот интернационалец настапуваше за Куманово во сезоната 2014/2015 и 2018/2019.
Никола Ивановски