ГФК Куманово нерешно против Башкими Љуботен

Сподели со своите пријатели

Фудбалерите на ГФК Куманово вчера одиграа нерешно против составот на Башкими Љуботен во рамките на Третата фудбалска лига север.

Loading...

Во првиот дел од натпреварот кумановци имаа тотална контрола и доминација на теренот.

Не искористија две стопостотни шанси за гол и два удара завршија во дирекот од голот.

Како што тврдат од клубот, биле и оштетени за недосуден удар од 11 метри.

Во вториот дел фудбалерите на Куманово примија еден несреќен погодок, но во 80 минута од натпреварот со голот на Кристијан Златковски израмнија за конечни 1:1.

Наредниот натпревар ќе биде градско дерби, против екипата на ФК Пчиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од Куманово натепани додека чекале превоз кон дома

Никола Ивановски