ГФК Куманово го совлада тимот на Шкендија Арачиново

Сподели со своите пријатели

Градскиот фудбалски клуб Куманово впиша четврта победа по ред од почетокот на сезонава, овој пат против составот на Шкендија Арачиново.

Loading...

Првиот гол, во овој тежок натпревар, го постигна тимот на Шкендија Арачиново и тоа беше единствениот во првите 45 минути од средбата.

Кратката пауза на полувреме беше добредојдена за ГФК Куманово кои во второто полувреме израмнија со гол на Перица Стојановски.

Новите три бода во табелата пристигнаа со вториот гол кој на Гоце Насковски.

Наредниот натпревар тимот го игра во среда на гостинскиот терен против екс прволигашот Еуромилк.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)