Фудбалерите на ГФК Куманово викендов го совладаа составот на ФК Ринија со резултат 3:2 во рамките на Третата лига.
Loading...
Во првите 45 минути мрежите на двете страни мируваа, а веќе во вториот дел гостинската екипа поведе со 1:0.
По целосна доминација на теренот кумановци успешно направија пресврт и поведоа со 2:1.
Гостите се покажаа како тврд орев и успеаа да го израмнат резултатот на 2:2.
До победа ГФК Куманово стигна со досуден пенал.
Стрелци на головите за ГФК Куманово беа Христијан Димов и Иван Мицевски.
Ова е важна победа за кумановци која им овозможува да ја задржат лидерската позиција во табелата.
Никола Ивановски
Loading...