Фудбалерите на ГФК Куманово утре од 16:00 часот на стадионот во Доброшане, го пречекуваат составот на ФК Фортуна во рамките на Третата фудбалска лига Север.
Станува збор за првенствен натпревар кој е важен за кумановци да останат лидери во табелата и да можат да влезат во Втората лига од следната сезона.
Од управата на клубот ги повикуваат граѓаните да дојдат масовно и да им дадат поддршка со фер и коректно навивање во мечот против екипата од Сингелиќ.
– Апелираме до нашите фанови да дојдат во што поголем број и да навиваат фер и коректно. Ние Ви ветуваме дека ке го оставиме срцето на теренот и ке оствариме нова победа. Сите заедно за фудбалот во Куманово, велат од клубот.
Инаку токму во скопски Сингелиќ неодамна се играше натпревар со Шкендија од Арачиново, каде на кумановските фудбалери им се закануваа дека живи нема да излезат оттаму.
Инцидентите во оваа лига се многу чести, особено затоа што конкуренцијата со насилство и закани се обидува да го спречи ГФК Куманово да влезе во Втората лига. Во меѓувреме раководните структури на ФФМ се прават „слепи“.
Никола Ивановски