ГФК Куманово го победи Коњаре: Натпреварот мина со инциденти и приведени

Сподели со своите пријатели

Нови три бода впишаа фудбалерите на ГФК Куманово викендов на уште едно тешко гостување против екипата на БВК Коњаре.

Loading...

Ова беа важни поени во Третата лига север, бидејќи кумановци ја задржуваат лидерската позиција во табелата и се чекор поблиску до влез во Втора лига.

Сепак натпреварот помина со инциденти и напад врз припадници на Единицата за брзо распоредување, што резултирало со неколку приведени лица, меѓу кои и новинарот Фуркан Салиу.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи.

Обидот, како што додаваат, е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат.

– За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново  е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило „дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 800 парчиња пиротехника пронајдени кај жител на Матејче

Сепак, според соопштението на ГФК Куманово, инцидентите не биле од домашната публика, туку од навивачи на трет клуб, од Арачиново.

Дел од нивната реакција ви пренесуваме во продолжение:

Loading...

„ На стадионот во село Средно Коњари имаше домашна публика која навиваше фер и коректно и навивачи од Арачиново кои цело време вршеа притисок на нашите фудбалери но тоа е дозволено во фудбалот.

На стартот од вториот дел го зголемивме водството од 0:2 и имавме контрола на натпреварот.

Навивачите од Арачиново во 70 минута од натпреварот почнаа да го напуштаат стадионот незадоволни од резултатот и не знаеме што очекувале од домашната екипа да направи на овој натпревар кога сите екипа знаат дека моментално сме најквалитетна екипа во Трета лига север.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

По напуштањето на стадионот навивачите од Арачиново ја нападнаа домашната публика каде дојде до прекин на натпреварот и да немаше полиција во голем број кој знае што ке се случеше на натпреварот.

По пауза од 30 минути продолживме со натпреварот и резултатот остана непроменет 0:2.

Уште еднаш апелираме до ФФМ дека екипата на Шкендија од Арачиново не само што се заканува на нашата екипа дека почна да се заканува и на сите наши противнички екипи кои играме до крајот на првенството.

На домашната екипа на БВК сакаме да им се заблагодариме за фер и коректен натпревар и се покажаа како вистински домаќини.Иако сакаа со сето срце да ни земаат бодови мора да признаат дека сме поквалитетна екипа од нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

Голема благодарност и Полиција која денес беше на висина на задачата и покажаа дека се вистински професионалци“, стои во соопштението на клубот.

Loading...

ГФК Куманово следниот натпревар го игра дома против ФК Бутел.

Никола Ивановски