ГФК Куманово – есенски шампион во Трета лига Север

Сподели со своите пријатели

Фудбалерите на Куманово ја завршија полусезоната како лидери во табелата и со тоа се есенски шампион во Трета лига Север.

Loading...

Изминатиот викенд кумановци на домашен терен го совладаа составот на ФК Башкими Љуботен со 3:1 и ја задржаа лидерската позиција во својата група.

Првиот гол за Куманово го даде Бујар Иљази веќе во 14та минува, додека за 2:0 стрелаше Ардијан Сулејмани во 52та минута со гол од слободен удар.

Нововлезениот Марио Томовски беше одличен погодок за третиот гол кој го постигна во 75та минува од натпреварот.

Шансите ГФК Куманово следната година да се натпреварува во Втората фудбалска лига на Македонија се се поголеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тротинети, обувки, облека, алат... Што се е запленето на Табановце изминатата недела?

Никола Ивановски