Германската амбасадорка во РМ го отвори „Фестивалот на новиот германски филм“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во кино салата на Младинскиот културен центар „Козјак“ вчеравечер германската амбасадорка во Република Македонија, др. Кристина Д. Алтхаузер го отвори 11-то издание на „Фестивалот на новиот германски филм“.

Loading...

 

 

Од пред две години општината е еден од организаторите на оваа манифестација заедно со МКЦ „Козјак“, а под покровителство на Амбасадата на Сојузна Република Германија, како и Прокредит банка. Фестивалот е во рамките на одбележување на 11-ти октомври, Денот на револуционерното востание.

 

 

Амбасадорката Алтхаузер заедно со градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски пред присутните одржаа свечен говор со кој ја отворија манифестацијата на која ќе бидат прикажани повеќе модерни филмови на германски јазик.

Во своето обраќање Дамјановски рече дека му е чест што градот е домаќин на еден ваков фестивал кој ја промовира германската култура во Република Македонија.

Loading...

Сакам да истакнам дека ова е 11-ти по ред фестивал на овие простори нешто што значи зближување и запознавање на една од водечките земји во филмската индустрија во европската заедница, затоа што од оваа земја потекнуваат многу добри режисери и дадода допринос во авангардата на модерната филмска уместност – рече Дамјановски во своето обраќање.

 

 

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во своето обраќање пред присутните рече дека и е чест да го отвори овој фестивал денес во Куманово, а утре во Скопје.

Минатата година за десетгодишниот јубилеј си поставивме амбициозна цел сакавме во 10 града во РМ да донесеме 10 илјади гледачи пред кино екраните и ни успеа. тоа што секоај година борјот на публиката е се поголем не радува многу и е потврда за нашата работа. Ви благодарам за големиот интерес за германскиот филм, а со тоа и германската култура – изјави др. Алтхаузер.

 

 

Дамјанвоски додаде дека пред отворање на фестивалот во својот кабинет разговарал со амбасадорката на теми за локалната самоуправа и децентрализацијата.

Loading...

Со амбасадорката имавме половиначасовна средба во кабинетот и разговаравме за локалната самоуправа, за предизвиците од децентрализацијата и денеска и минатата година и сега сме домаќини на амбасадорката која е две години тука и го отвара овој фестивал – вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

 

 

Оваа вечер денеска во Куманово е многу значајна. Фестивалот се одржува по 11-ти пат. Имаше навистина голем успех. Многу е убаво што сме овде повторно во Куманово, фестивалот се одржува и во други градови во земјата и има и други градови кои сакаат да го прикажат – додаде амбасадорката на Германија.

 

 

Фестивалот ќе трае во наредните шест дена со тоа што ќе биде емитуван паралелно и во останатите градови во Република Македонија.