Германија: Судење на Хрват кој наместо пица продавал кокаин

Сподели со своите пријатели

Секој што нарачал „пица број 40“ од Стипе Р., наводно, во кутијата добивал кокаин.

Loading...

На хрватскиот државјанин моментално му се суди во Дизелдорф, обвинет за трговија со дрога и членство во криминална организација.

Стариот град на Дизелдорф е тежок терен за рестораните. Конкуренцијата во „Алтштад“ е огромна.

Поради големиот број на кафулиња, барови и ресторани, оваа популарна населба често се нарекува „најдолгиот бар на светот“.

Не се плашел од конкуренција Стипе Р.

Со својот мал објект кој нудел пици од фритеза, овој Хрват успеал брзо да се наметне и да стекне задоволни клиенти.

Како што еднаш изјави за ТВ станицата Вокс, долго размислувал што може да им понуди на клиентите, а потоа му паднало на памет дека тоа треба да биде „нешто сосема друго, нешто што тие не го знаат“.

Пица број 40

Хит во понудата „Стипина пица од фритеза“ била пицата број 40.

Loading...

Кој ќе ја нарачал таква пица наместо пица, добивал дрога во тетрапак. Како „специјален додаток“.

Според очевидци, тој во картонска кутија доставувал пакет кокаин од 40 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандија нуди 900 евра на Сиријците доброволно да се вратат во својата земја

Според Државното обвинителство, 37-годишниот сопственик на пицеријата со години продавал „пица број 40“.

Веста за неговото апсење минатата есен го привлече вниманието на јавноста ширум Германија.

„Случајот со пицеријата е уникатен, како по димензиите, така и според начинот на кој се одвиваше“, изјави тогаш Михаел Граф фон Молтке од полициската управа во Дизелдорф. Тој ја водел истрагата за тој случај.

Планирани се пет рочишта

Според Регионалниот суд во Дизелдорф, Стипе Р. се уште не се изјаснил за обвиненијата.

Ќе има можност да го стори тоа во текот на судската постапка што почнува оваа среда (22.01).

Предвидени се пет рочишта до 12 февруари кога треба да биде изречена првостепената пресуда.

Loading...

Сопственикот на пицеријата претходно не им бил познат на германските правосудни органи.

Како што потврдија од државното обвинителство, Стипе Р., дури во март минатата година станал мета на истражителите.

Поради сомнежи за незаконско работење во неговите простории, извршен бил увид. Во таа прилика контролорите забележале пица со „необични состојки“.

За се била информирана полицијата. Набргу потоа, на вратата од станот во кој престојувал Стипе Р., тој во паника фрлил торба во која, според обвинението, имало речиси 264.000 евра, повеќе од 200 грама канабис и приближно 1,6 килограми кокаин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доналд Трамп – хорор за германската политика, но една партија му се радува

„Џекот буквално паднал во рацете на полицајците кои биле пред зградата“, потврдија од Државното обвинителство.

Хрватскиот државјанин тогаш бил првпат уапсен, но по само два дена повторно бил ослободен.

Неколку дена подоцна отишол во пицеријата и продолжил да продава пица број 40.

Обид за бегство во Хрватска

Оттогаш германските истражители почнаа да ги следат просториите на Стипе со цел да соберат повеќе информации за тоа кој ја дистрибуира дрогата, поточно кои се луѓето кои ја водат мрежата.

Loading...

На 21 август минатата година повторно бил уапсен Стипе Р. и оттогаш е во истражен затвор.

Таму бил приведен поради обид за бегство во странство.

Планирал брзо да го продаде ресторанот и да побегне во Хрватска.

Германското правосудство го товари за организирана трговија со дрога и членство во криминална група.

Доколку се докаже дека е виновен, му се заканува неколкугодишна затворска казна, пред само неколку години во Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Олаф Шолц: Ќе ги издржиме „неизвесностите на Трамп“

Како што самиот кажа, бил незадоволен од ситуацијата во Хрватска, па сакал да се испроба во претприемништвото.

Loading...

Во рација спроведена во октомври 2024 година, полицијата, врз основа на информациите од надзорот на неговата пицерија, уапсила и 22-годишен маж од Дизелдорф, кој се смета за шеф на банда за шверц на дрога.

Приведен е и 28-годишен маж од блискиот Хан, како и 30-годишен маж од Келн.

Разбиена криминална мрежа

Во тоа време, 150 полицајци или припадници на специјалните единици учествуваа во рации во неколку градови во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Според полицијата, разбиена е мрежа за шверц на дрога во која учествувале 12 лица.

Меѓу другото, полицијата открила две насади со канабис, при што запленила повеќе парчиња оружје, неколку скапи рачни часовници и пари.

Loading...

Уапсениот 22-годишник, руски државјанин, се соочува со максимална затворска казна до 15 години за трговија со дрога и други тешки кривични дела, потврди државниот обвинител Лаура Нојман.

Се уште не е познат датумот за почеток на судскиот процес против него и неговите двајца соучесници.