Германската влада планира да ја обнови соработката со агенцијата на ОН за Палестинците (UNRWA) во Газа, беше објавено во средата во заедничката изјава на министерствата за надворешни работи и развој.
Одлуката уследи по истрагата на поранешната француска министерка за надворешни работи Кетрин Колона за тоа дали некои вработени во УНРВА биле вмешани во нападот на Хамас на 7 октомври.
Прегледот на неутралноста на агенцијата предводена од Колона во понеделникот заклучи дека Израел допрва треба да ги поткрепи своите наводи дека стотици членови на персоналот на УНРВА биле оперативци на терористичките групи во Газа.
Германските министерства ја повикаа УНРВА брзо да ги спроведе препораките од извештајот, вклучително и зајакнување на функцијата за внатрешна ревизија и подобрување на надворешниот надзор над управувањето со проектите.
– Како поддршка на овие реформи, германската влада наскоро ќе ја продолжи соработката со UNRWA во Газа, како што меѓу другите веќе направија Австралија, Канада, Шведска и Јапонија – се вели во соопштението на министерствата, пренесува Ројтерс.