Германија: Фридрих Мерц повика на трговија без царини меѓу Америка и ЕУ

Сподели со своите пријатели

Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе биде новиот канцелар на Германија, во средата изјави дека е за трговија без царини меѓу САД и Европската унија.

И оцени дека паузата од 90 дена што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп во однос на царините е доказ дека обединетиот европски пристап има позитивен ефект.

„Европејците се решени да се бранат и овој пример покажува дека единството најмногу помага“, рече Мерц во интервју за ТВ мрежата RTL Direkt откако неговиот конзервативен блок постигна коалициски договор со социјалдемократите, пренесува Ројтерс.

Мерц повика сите да прифатат целосно укинување на царините за трансатлантската трговија и оцени дека со тоа ќе се реши проблемот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коњак стар 113 години, мени на француски и 1.500 прибори за јадење: Кралски банкет во чест на Трамп