Речиси половина од Германците стравуваат од потенцијални терористички напади за време на Европското фудбалско првенство во Германија во 2024 година, покажа анкетата во средата.
Истражувањето на YouGov спроведено во соработка со Институтот Синус покажа дека 12 отсто од испитаниците се многу загрижени, додека 35 од нив се донекаде загрижени.
Од друга страна, 24 отсто од анкетираните не се плашат од напад, а 12 отсто воопшто немаат страв.
Шеснаесет проценти од испитаниците немаат мислење за ова или не одговориле на прашањето.
Истражувањето покажа и дека речиси половина од испитаниците (46 отсто) се изјасниле дека се рамнодушни кон претстојното првенство.
Против се 11 отсто, а среќни се 32 отсто.
Истражувањето е спроведено од 18 до 25 април на примерок од 2.065 луѓе.
Шампионатот започнува на 14 јуни со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска во Минхен, а финалето е закажано за 14 јули во Берлин.