Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност

Сподели со своите пријатели

Избори за петте нови непостојани членки на Советот за безбедност одржа Генералното собрание на Обединетите нации на местото на досегашните претставници, чиј мандат завршува на 31 декември годинава.

Loading...

Јапонија, Мозамбик, Еквадор, Малта и Швајцарија на вчерашното гласање беа избрани за непостојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Избраните држави ќе имаат свои претставници во периодот до 2024 година, пренесува Ројтерс.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

Генералното собрание на ОН го сочинуваат претставници на 193 земји-членки.

Моќното тело на ОН, кое има вкупно 15 држави, ќе го опслужуваат нови членки во период од две години, а нивниот мандат ќе започне на 1 јануари 2023 година.

Loading...

Постојани членки на Советот за безбедност се Обединетото Кралство, Русија, Кина, САД и Франција.

Петте избрани држави ќе им се придружат на другите непостојани членки на Советот, кој ги вклучуваат Индија, Кенија, Ирска, Мексико и Норвешка.