Генералниот директор на Фајзер позитивен на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, денеска објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека има многу благи симптоми, пренесува Ројтерс.

Loading...

Бурла (60) рече дека започнал со терапија со користење на антиковидовиот лек на компанијата Пакловид и дека во согласност со јавно-здравствените мерки на претпазливост е во изолација.

– Уверен сум дека брзо ќе закрепнам – рече Бурла во соопштението.

Бурла примил четири дози од вакцината против Ковид развиена од Фајзер и нејзиниот германски партнер.

Неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот во изминатите неколку месеци, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот главен медицински советник, д-р Ентони Фаучи, потсетува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Бајден помина повеќе од две недели во изолација во Белата куќа откако во два наврати беше позитивен на тестот за ковид-19.

Пакловид е лек за коронавирус кој се користи за лекување на луѓе со висок ризик, како што се постари пациенти.