Галант се закани: Тоа што се случува во Газа може да се случи и во Бејрут

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека либанската милитантна група Хезболах е свесна дека она што се случува во Газа „може да се случи и во Бејрут“.

Loading...

„Хезболах гледа што се случува во Газа и е свесен дека она што го направивме во Газа, можеме да го направиме и во Бејрут“, рече Галант, пренесува ТАСС.

Сепак, тој нагласи дека Израел „не сака такво сценарио“.

„Ние не сакаме такво сценарио, но нема да ги оставиме луѓето во северните делови на Израел без заштита и ќе ги вратиме во нивните домови“, рече Галант.

Откако избувна војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, борби се водеа и на израелско-либанската граница во која беа вклучени израелската армија и Хезболах.