Гаѓани Харков и Николаев

Сподели со своите пријатели

Рано утринава се слушнале експлозии во Харков и Николаев, соопштија градоначалниците на тие украински градови Игор Терехов и Олександар Сенкевитс.

Loading...

Терехов изјавил дека руските сили нападнале три области на Харков, пренесува Униан.

„Погодена е една станбена зграда, според првичните информации нема жртви. Зафатен е и инфраструктурен објект. Таму избувна пожар“, напиша Терехов на Телеграм.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.