Земјите од Г7 и Австралија се договорија да одредат фиксна цена за руската нафта, јавува Ројтерс повикувајќи се на свои извори.
Претставниците на САД и Г7 во последните недели водеа интензивни разговори за планот за поставување ограничување на цената на руската нафта, што треба да стапи на сила на 5 декември.
Г-7 на тој начин сака да обезбеди санкциите на ЕУ и САД, кои имаат за цел да ја ограничат Москва да го финансира нападот врз Украина, да не го „задуши“ глобалниот пазар на нафта.
Плафонот на цената на нафтата сè уште не е поставен, но треба да стане појасно во наредните недели, изјавија повеќе извори за Ројтерс.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.