Фудбалерите на Полска кон Катар ги обезбедуваа и борбени авиони (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неделава беа испукани две ракети кон Полска, при што загинаа двајца локални жители, па поради дополнителна заштита, полската репрезентација до јужната граница беше спроведена со два борбени авиони.

Loading...

Фудбалската репрезентација на Полска во четвртокот отпатува за Катар на Мундијалот, а за време на летот биле придружувани од два борбени авиони Ф-16.

Со оглед на тоа што во вторникот две залутани ракети го погодија градот Пржеводов во Полска на границата со Украина, а проектилот усмрти двајца полски жители, на фудбалерите им беше обезбедена дополнителна заштита за безбедно да стигнат до целта.

Тие го објавија видеото на Твитер, а беше прегледано 5,6 милиони пати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска ќе ги прифати ПВО системите ако Германија одбие да ги испрати во Украина

Полска во вторник на 22 ноември ќе го одигра првиот натпревар на Мундијалот против Мексико, а во групата е и со Аргентина и Саудиска Арабија.