ФСБ: Украинец соучесник во убиството на блогерот Владлен Татарски

Сподели со своите пријатели

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и Истражниот комитет утврдија дека 36-годишен Украинец, член на терористичка група, бил соучесник на Дарија Трепова во терористичкиот напад на кафуле во Санкт Петербург во кој воен известувач и блогерот Владлен Татарски е убиен, изјавија за новинската агенција ТАШ во ФСБ.

Loading...

„Утврдено е дека убиството на Фомин (Максим, вистинското име на Татарски) го планирал заедно со Д.Трепова член на украинската диверзантска и терористичка група, украинскиот државјанин Јуриј Денисов, роден 1987 година, кој користејќи ја услугата за брза испорака, преку посредник ѝ предал експлозивна направа во Москва, скриена во гипс биста на блогер“, соопшти ФСБ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Руските власти трагаат по Денисов и во тек е постапката за негово ставање на меѓународната потерница.

Адвокатскиот тим на Дарија Трепова поднесе жалба на нејзиниот притвор, соопшти судот во Москва.

Судот во Москва на 4 април и одреди притвор на Трепова до 2 јуни.

 

 

Loading...

Според истрагата, Трепова на 2 април, следејќи ги упатствата на луѓето во Украина, донела статуетка полна со експлозив во кафуле во центарот на Санкт Петербург и ја дала на воен репортер и на познат блогер.

Фомин загинал во експлозијата, а лекарска помош побарале уште 40 лица.

Рускиот национален антитерористички комитет објави дека терористичкиот акт против Татарски го организирале украинските специјални служби со помош на агенти кои соработуваат со Фондацијата Алексеј Навални, која се смета за екстремистичка организација во Русија и која, како што велат, е поддржана од Трепова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина