Рускиот национален комитет за борба против тероризмот (НАК) денеска соопшти дека во антитерористичка операција на територијата на Република Кабардино-Балкарија биле убиени две вооружени лица.
Вооружени милитанти кои припаѓаат на меѓународна терористичка организација отворија оган врз руските безбедносни сили во Налчик, откако се забарикадираа и им понудија да се предадат. После тоа биле неутрализирани.
Контратерористичката операција во таа република заврши, а експерти за експлозиви на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во моментов работат на терен, пренесува Танјуг.
Во оваа акција никој од припадниците на безбедносните служби не е повреден.
Претходно денеска ФСБ објави дека од 05:12 часот по локално време ќе биде воведен правен режим на антитерористичката операција во Налчик, административен центар на руската севернокавкаска област Кабардино-Балкарија и во одредени области на нејзината област Черек.