Фронтекс: Нерегуларните гранични преминувања во ЕУ достигнаа највисоко ниво од 2015 година

Сподели со своите пријатели

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс објави дека бројот на нередовни премини на надворешните граници на Европската унија достигнал околу 331.600 во првите десет месеци од оваа година.

Loading...

Ова е највисока вкупна бројка за периодот од 2015 година, при што централниот Медитеран останува најпрометната рута за мигранти, пренесува Танјуг.

Агенцијата на ЕУ објави дека преку централномедитеранската рута, меѓу Северна Африка и Италија, во периодот од јануари до октомври пристигнале повеќе од 143.600 луѓе, што е највисок вкупен број во наведениот период во последните осум години.

Смртоносен пат

Фронтекс нагласи дека поморските премини продолжуваат да претставуваат рути со најекстремни опасности.

„Податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) покажуваат дека оваа година во Средоземното Море се пријавени 2.468 исчезнати лица, од кои повеќето пловеле по централно-медитеранската рута“, наведува агенцијата.