На фризерски салон во Индија му било наредено да плати дваесет милиони рупии, или околу 231.000 евра, како казна. Причината за толку висока казна е погрешната фризура.
Во образложението на пресудата, судот забележа дека жената, поради долгата коса, добивала ангажмани со компании кои произведуваат или продаваат производи за коса, пишува Malay Mail.
Фризерите и ја ја скратија косата во салонот сосема поинаку од она што таа го барала, и со тоа и предизвикаа голема загуба во бизнисот.
На салонот, кој е дел од познатиот ланец хотели во Делхи, му било дозволено да поднесе жалба на пресудата, објави Би -Би -Си.
Документите од судот открија дека фризерот исекол голем дел од косата, „оставајќи само десет сантиметри надолу по рамото“.
„Таа повеќе не може да го види својот одраз во огледалото. Нејзината работа вклучува комуникација со луѓе, што значи дека треба да биде вклучена во состаноци и интерактивни сесии. Но, таа ја загуби самодовербата поради косата “, се наведува во судскиот налог.
Кога се пожалила во салонот, и била понудена бесплатна терапија за коса како надомест за грешка.
Жената пред судот изјави дека третманот е „сомнителен и дека резултираше со дополнително оштетување на нејзината коса“.
„Таа, исто така, претрпела загуба на приход поради ментален слом по погрешна фризура, а потоа и по болниот третман. Таа, исто така, ја напуштила и својата работа. „Две години по овој инцидент, таа се соочи со болка и траума“, се вели во соопштението на судот.