Француски пратеници пристигнаа во Тајван

Сподели со своите пријатели

Група од пет француски пратеници денеска пристигна во Тајван, со што стана најголемата европска делегација што го посети Тајпеј по големите кинески воени вежби околу островот на почетокот на август.

Loading...

Делегацијата од пет француски пратеници ја предводи сенаторот Сирил Пелават, соопшти Министерството за надворешни работи на Тајван, додавајќи дека тоа е четврта посета на француски претставници за една година.

Пекинг започна воени вежби во август, незадоволен од посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван во јули.

Во последниве години, многу европски земји покажаа поддршка за Тајпеј, додека руската инвазија на Украина ги зголеми стравувањата дека Кина може да го стори истото со Тајван.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Официјални лица од европските земји редовно го посетуваат Тајван.

Тајван се отцепи од Кина по завршувањето на граѓанската војна и комунистичката револуција во 1949 година и поразот на националистичката партија Куоминтанг која се засолни на островот, но Кина сè уште го смета за дел од својата територија.

Како и повеќето земји, САД и Франција официјално го признаваат Пекинг на штета на Тајпеј.

Сепак, двете земји де факто одржуваат дипломатски односи со Тајван.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.