Францускa министерка се појави на насловната на „Плејбој“

Сподели со своите пријатели

Министерката за социјална економија на француската влада Марлен Скиапа се најде на удар на членовите на сопствената партија откако се појави на насловната страница на магазинот „Плејбој“.

Loading...

Скиапа, која е министерка во француската влада од 2017 година, се појави на насловната страница на списанието во кое дала интервју на 12 страници за правата на жените и ЛГБТ.

Француската премиерка Елизабет Борн ја критикуваше Скиапа за насловната страница, велејќи и дека тоа не е соодветно, особено во овој период, објави во саботата BFMTV, повикувајќи се на извор близок до премиерот.

Франција моментално се наоѓа во средината на политичка и социјална криза предизвикана од потегот на претседателот Емануел Макрон да продолжи со пензиските реформи, и покрај широкото противење на јавноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен ја бранеше Скиапа во интервју за францускиот канал CNNews во неделата, нарекувајќи ја жена со карактер.

– Сакав да кажам дека Марлен Скиапа е храбра политичарка која има свој карактер и која има свој стил кој не е мој, но јас го почитувам, изјави Дарманен.

Скиапа е долгогодишен застапник за правата на жените и беше назначена за прв француски министер за родова еднаквост во 2017 година.

За време на нејзиниот мандат беше донесен нов закон против сексуално вознемирување со кој се дозволува казни на лице место за мажи кои вознемируваат или следат жени на улица, пренесува Танјуг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?