Франција: Голем пожар во магацин со литиумски батерии

Сподели со своите пријатели

Големиот пожар што избувна во Франција, во магацинот на компанијата „Боло логистик“ во Нормандија, кој содржи илјадници литиумски батерии, сега е „ограничен“, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Префектурата Сен Маритам објави на Твитер дека пожарот што избувна во понеделникот во 16:30 часот во складиште за литиум во градот Гран Курон во близина на Руан и се прошири во блискиот магацин на компанијата за гуми Districes, е ставен под контрола синоќа на полноќ, јавува Ројтерс.

Во текот на ноќта нов пожар избувнал во третиот магацин на истата локација, сопственост на фирмата Зиглер, каде што се складира текстил, а околу 06:00 часот утринава бил локализиран и овој нов пожар, соопштија надлежните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Напоменуваат дека во овој инцидент нема жртви или повредени и дека засега не се знае причината за пожарот.

Првите проверки на квалитетот на воздухот што ги извршија пожарникарите покажаа дека нема индикации дека овие пожари предизвикале големо загадување на воздухот и дека во оваа фаза нема посебен ризик, наведува Ројтерс.