Фото сторија од Трет Средношколски Марш во Скопје (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Организирано со автобуски превоз, средношколците од Куманово вчера се упатија на протестниот Трет Студетнски Марш во Скопје каде пред МОН а подоцна и пред Владата на РМ побараа средба со Министерот Абдулаќим Адеми.

Loading...

[huge_it_gallery id=”19″]

Децата ви се на улица, додека вие ја продлабочувате дупката што собира гној во оваа држава, исто ко онаа на троседот со даљински во рака после успешно зафркнатото образование, истакнаа во својот говор средношколците.

Пред да тргнат кон МОН, средношколците и студентите се сретнаа пред Владата каде студентите им предадоа факел на помладите и легнаа и на земјата во знак на поддршка на убиените студенти од Кенија.

[huge_it_gallery id=”20″]

Да се надеваме дека Министерот од дупката кај што е скриен, има телевизор или нешто така, па ќе не слушне, порачаа студентите од Студентскиот Пленум кои го поддржаа вчерашниот Марш.

Loading...

 

Средношколците побараа враќање на стариот концепт на полагање на државна матура и ставање во мирување на Законот за екстерното тестирање, но и укинување и електронското полагање на државна матура.

 

[huge_it_gallery id=”21″]

 

 

Leave a Reply