Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово на гостување во Загреб

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Фото клуб Загреб во Хрватска вчеравечер беше отворена клупската изложба на Фото кино клуб „Козјак“ од Куманово, насловена „Луѓе“.

Loading...

 

 

Станува збор за изложба на вкупно 60 фотографии од повеќе членови на Фото кино клуб „Козјак“.

 

 

Loading...

Хрватската публика ќе има можност да ги погледне делата во просториите на ФК Загреб до крајот на февруари.

 

 

– Ова е кулминација на долгогодишната плодна соработка меѓу ФКК Козјак и ФК Загреб и нивните членови. Се надеваме дека и ФК Загреб со своите членови во блиска иднина ќе ни бидат гости во Куманово, велат од Фото кино клуб Козјак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово со повик за поддршка на проекти за унапредување на здравјето (ВИДЕО)

Никола Ивановски