Формиран Книжевен клуб на млади во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше формиран Книжевен клуб на млади вљубеници во убавиот пишан збор.

Loading...

 

 

За претседател на друштвото денеска беше избрана Андријана Ѓоргевска, која е студент на Факултетот за безбедност.

– Дел од клубот ќе бидат сите што сакаат да пишуваат, што се вљубеници во пишаниот збор. Имаме официјална Инстаграм страна „Книжевен клуб Куманово“, објавуваме дела од млади писатели и поети кои се пријавија. Членството е отворено кој сака може да учествува, вели Ѓоргевска.

 

Loading...

 

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ обезбеди простор каде клубот ќе може да функционира, твори и да одржува настани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

– Мислам дека Македонија има млади луѓе кои пишуваат, но не се истакнати. Имаме доста идеи за настани, литературни читања, така да сигурно ќе побараме поддршка од сите институции, вели Ѓоргевска.

 

 

По денешното основање, клубот го одржа својот прв настан, на кој беше читана поезија и проза од страна на неколку членови на истиот.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски