Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се сретна со папата Франциск за да разговараат за напорите за ставање крај на војната во Украина и за ублажување на глобалната криза со храна.
Loading...
– Стоиме покрај оние кои страдаат од уништувањето во Украина. Оваа војна мора да заврши и мирот да се врати во Европа – напиша фон дер Лајен на својот Твитер профил.
Фон дер Лајен се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин и министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер, кој неодамна се врати од Украина.