ФК Форца од Куманово се засили со репрезентативец од Колумбија

Сподели со своите пријатели

Шампионот во футсал на Македонија, клубот Форца од Куманово, се засили со репрезентативец од Колумбија.

Loading...

Тоа е првото засилување во пресрет на новата сезона, а станува збор за Кристијан Берио.

Берио досега во својата кариера има настапи за Синселехо во Колумбија, за перуанскиот шампион Панта Валон како и за Дреница во Косово.

Инаку клубот Форца стана македонски шампион во футсал во сезоната која заврши пред неколку месеци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПРЕД 80 ГОДИНИ: Последните мигови пред ослободувањето на Куманово!