Финска очекува членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Финскиот претседател Саули Ниниште очекува неговата земја да стане членка на НАТО.

Loading...

Ниниште во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“ изјави дека тргнува од фактот дека има огромно парламентарно мнозинство за влез на Финска во НАТО, пренесува Танјуг.

 

Белорусија ја прогласи Македонија за „непријателска земја“

 

Тој рече дека, во случај на поднесување на барање, очекува брза одлука од Алијансата.

Премиерката на Финска, Сана Марин, претходно изјави дека очекува одлука за аплицирање за членство пред Самитот на НАТО во Мадрид во јуни.

На таа тема пред Велигден треба да одржи седница и парламентот во Хелсинки.

Loading...