Фицо потврди дека обезбедил испораки на гас за Словачка

Сподели со своите пријатели

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, тој обезбедил снабдување со гас за Словачка и покрај тоа што Украина го прекина транзитот на руски гас на почетокот на 2025 година.

Loading...

„Требаше да обезбедам гас барем за домашна потрошувачка – што го направивме“, рече Фицо без да наведе дополнителни детали, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.

Фицо го обвини Киев дека и наштети на Словачка со тоа што не го продолжи договорот за транзит на руски гас кој истече на крајот на 2024 година и се закани дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија на Украина и помошта за бегалците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Путин се пресметува со ЛГБТ популацијата?

Според податоците на словачкиот оператор на гасоводот Еустрим, откако беше прекинат транзитот на гас преку Украина, Словачка увезува руски гас што доаѓа од Унгарија преку гасоводот Турски тек.

„Енергетски фронт“

Фицо рече дека прекинот на транзитот на гас преку Украина ја чини Словачка 500 милиони евра транзитни такси и една милијарда евра поради зголемените цени на гасот.

Фицо во четврток треба да се сретне со претставници на Европската комисија во Брисел за да разговара за суспензијата на транзитот на украинскиот гас.

Киев рече дека прекинот на транзитот на гас ја лиши Москва од приход се додека Русија продолжува да ја напаѓа Украина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто сега Украина започна нова офанзива против Русија?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Фицо дека отворил „втор енергетски фронт“ против Украина по налог на Русија.