Малолетно девојче од Куманово е тешко повредено откако вчеравечер „фиат“ управуван од 25-годишник удрил во неа.
Loading...
– На 08.09.2023 околу 20.25 часот во Куманово, на крстосница од бул.„3 Македонска ударна бригада“, ул.„Б.Б.Гуцман“ и локален пат кон с.Проевце, патничко моторно возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, удрило во малолетен пешак од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, по несреќата малолетничката била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски