Фејсбук воведедува наплата за членство во групите

Сподели со своите пријатели

Популарната социјална мрежа Фејсбук најави почеток на пилот проект во кој ќе се наплаќа членството во групите.

Пилот проектот започна вчера, а ќе биде применуван на неколку Фејсбук групи чии корисници ќе добијат известување дека за понатамошното членство во групата ќе мора да платат членарина.

Како причина за промена на досегашната политика базирана врз бесплатна услуга, се наведува желбата да се пружи поддршка на администраторите на групите кои со својот труд и секојдневен ангажман допринесуваат во квалитетот и разновидноста на мрежата.

Фејсбук вовдува нова опција со која ќе ви пронајде „сродна душа“

Loading...

– Поттикнати од прашањата од одредени администратори на Фејсбук групи, одлучивме дека дојде време да им пружиме поддршка за да својот квалитетен труд го продолжат во финансиски посигурно опкружување, стои во службената изјава од компанијата.

Според јавно достапните информации, месечната цена за користење на своите платформи ќе ја одредат самите администратори, а тие ќе се движат од 4,99 до 29,99 американски долари. Претплатата ќе може да се изврши на едноставен начин, со уплата на бараниот износ преку Фејсбук апликацијата на мобилните телефони.

– Сметаме дека мерката која е преземена за да им се овозможи заработка на администраторите за нивниот ангажман за одржување на групите ќе допринесе и за развој на дигиталната заедница, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три причини зошто роботите наскоро ќе станат значително покорисни

Leave a Reply