Полицијата во градот Винипег во уште три такви случаи обвини Канаѓанец, кој веќе е обвинет за убиство на жена.
Полицијата во мај обвини 35-годишен маж за убиство на 24-годишната Ребека Контоа, а вчера и за три други убиства. Сите жртви биле членови на локални племиња.
Џереми Скибицки од Винипег беше уапсен на 18 мај за убиството на Контоа, член на Првата нација О-Чи-Чак-Ко-Сипи во Манитоба.
Началникот на полицијата Дени Смит рече дека „секогаш е вознемирувачко да се истражуваат сериски убиства“, додавајќи дека овие злосторства се особено чувствителни затоа што се вклучени домородните жени.
Полицијата сѐ уште не ја идентификувала четвртата жртва.
Таа ги повика граѓаните да се јават доколку имаат некаква информација и објави фотографии од зимската јакна на жртвата.
Додаваат дека неидентификуваната жртва има околу 20 години и исто така е припадник на племето, пишува Би-би-си.
Телата на другите две жртви, Харис и Миран, се уште не се пронајдени. Посмртните останки на Кантоа беа откриени на 16 мај во контејнер во Винипег.
Националната истрага за убиени и исчезнати домородни жени откри дека помеѓу 1980 и 2012 година, околу 1.200 племенски жени во Канада биле убиени или исчезнати.
Некои сметаат дека бројката е поголема.