Фатен разбојник што извршил шест разбојништва во банки и казино

Сподели со своите пријатели

Вчера (06.02) околу 14,00 часот од страна на едно лице со закана со пиштол извршено е разбојништво во експозитура на банка „Шпаркасе“ на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од страна на полициски службеници е излезено на терен и по преземени мерки за кратко време е пронајден и приведен Ч.Д.(34) од село Ливада, струшко. Ч.Д. е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, нараквици и еден пиштол. По преземените соодветни мерки и активности и извршен разговор со осомничениот, утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“, две извршени на 12.12.2017 година и 06.02.2018 година во „Шпаркасе“ банка во Кичево, на 25.11. и 06.12.2017 година во експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, разбојништвото извршено на 05.12.2017 година во казиното „Астра“, како и на разбојништвото во „Силк Роуд“ банка во Охрид извршено на 30.11.2017 година. Со извршувањето на кривичните дела Ч.Д. се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе три кривични пријава против Ч.Д. поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“. Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево.

Leave a Reply