Фатална русокоса: Која е новата прва дама на Аргентина?

Сподели со своите пријатели

Досега, аргентинската актерка Фатима Флорез беше главно позната по имитирање на познати личности, како и по водечки телевизиски квизови.

Loading...

Меѓутоа, кога нејзиниот партнер Хавиер Мајли извојува убедлива победа на изборите, 42-годишната ѕвезда преку ноќ стана позната во светот како нова прва дама на Аргентина.

Двајцата првпат почнале да се забавуваат во јули оваа година, откако се сретнаа во една емисија минатиот декември, додека Фатима сè уште била во брак со нејзиниот сопруг, со кој во брак била 22 години.

 

 

Наводно, љубовта се разгорела, нејзиниот сопруг станал дел од минатото, а актерката која на Инстаграм ја следат 1,1 милион луѓе, јавно му изразила поддршка на новиот партнер.

Хавиер веднаш и се оддолжи така што сподели фотографија од својата гламурозна девојка и им порача на своите речиси 4 милиони следбеници: „Мојата љубов Фатима Флорез веќе гласаше…!!! LIVE*** FREEDOM“.

Loading...

Сепак, иако имаат голем број следбеници на социјалните мрежи, парот доби различни реакции кога беа забележани на изведбата на „Мадам Батерфлај“ во театар во Буенос Аирес.

Поради неговиот став за поранешното воено владеење на Аргентина, гледачите наводно му скандирале: „Мајли, ѓубре, ти си диктатура!“

 

 

Многумина се прашуваат дали неговата самопрогласена „лавица“ ќе успее да го скроти новиот претседател, кој е познат како плејбој и кој се прослави со своето фалење со издржливоста во сексот и љубовта кон тројки…

Која е Фатима?

Фатима Флорез, чие вистинско име е Марија Еугенија Флорез, е родена во февруари 1981 година и пораснала во Оливос, населба од средната класа во предградието на Буенос Аирес.

Нејзиниот татко Оскар работел како архитект, а нејзината мајка Марта била професорка по географија. Двојката имала три ќерки и се развеле кога Фатима имала девет години.

Loading...

Во интервју за локалниот медиум „Кларин“ во 2014 година, Фатима изјави дека уште кога била дете можела да ја види претседателската вила од нејзината куќа, како и хеликоптери како доаѓаат и си одат.

Во интервју за Infobae 2019, Фатима откри како првпат го открила својот талент за имитирање кога била во основно училиште.

Иако се плашела од својата учителка во шесто одделение, аспирантната актерка уживаше да ја имитира пред пријателите.

Актерката како тинејџерка се борела со сликата за себе, а по разводот на родителите се борела со анорексија и во еден момент имала само 40 килограми.

„Го криев, особено пред моите родители, кога ќе ме прашаа дали сум јадела, ќе лажев и ќе речев дека сум јадела додека всушност не изела ништо или би јадела само јаболко. Затоа денес секогаш им кажувам на родителите да проверат дали нивните деца јадат и што прават во бањата. Не повраќав, имав анорексија“, рече таа еднаш.

Таа успеала да ја обнови самодовербата откако се свртела кон религијата.

На само 17 години, Фатима станала танчерка и се појавила во продукциите на музичарот Пепито Цибријанс.

Три години подоцна таа се приклучила на бендот Лас Примас и се преселила во Перу поради работа.

Loading...

 

 

Таму го запознала својот поранешен сопруг Норберт Маркос, кој е речиси 20 години постар од неа.

Патеките на парот се вкрстиле кога бендот се појавил во хит хумористичната серија „La Paisana Jacinta“.

Откако го открил талентот на Фатима за имитирање, Норберто станал нејзин агент и ја убедил да земе уметничко име. Тие се венчале во 2001 година.

Loading...

„Јас бев единствениот кој веруваше во неа. Дури и таа не веруваше во себе, а потоа немавме ниту цент“, рече тој во интервјуто што го даде на почетокот на оваа година.

Во 2012 година, Фатима почна да се појавува во ТВ проекти, а славата ја стекна во Аргентина имитирајќи ја тогашната потпретседателка Кристина Фернандез де Кирхнер.

Таа се омажила за својот сопруг во 2001 година и биле заедно долги 22 години.

Иако парот јавно кажа дека се уште е во добри односи, во аргентинските медиуми кружат гласини за бројни тепачки и наводно неверство.

 

Loading...

 

Колку го сака Хавиер

Во декември 2022 година, Фатима го запознала нејзиното сегашно момче, Хавиер Мајли, кога и двајцата се појавиле во многу популарното ток-шоу на Мирте Легранд, само два месеци пред таа официјално да се раздели од нејзиниот сопруг.

За време на интервјуто, Фатима разиграно му рекла на политичарот: „Ти си премногу сам, и имаш толку важна улога“.

Во октомври повторно гостуваа во емисија, а потоа потврдија дека се во врска.

Loading...

„Почнавме да се допишуваме на Инстаграм, а подоцна почнавме да се гледаме. Се си дојде природно. Одевме чекор по чекор. Бев во Уругвај, работев и почнавме да се допишуваме”, раскажала Фатима како ја започнала нивната романса.

 

 

Новиот претседател на Аргентина тогаш призна дека е многу заљубен, а двојката нивната љубов ја опиша како „егзотична“.

Таа подоцна објасни како официјално се разделила од нејзиниот сопруг на нејзиниот роденден во февруари, споредувајќи го разводот со историската битка кај Сан Лоренцо во 1813 година.

Loading...

Таа еднаш го имитираше своето сегашно момче и сподели фотографија од зад сцената на која носи бушава кафена перика и светло сини контактни леќи.

Со фотографијата напишала: „Јас сум твојата лавица“.

 

 

Loading...

Тантрички секс инструктор

Хавиер до пред неколку години беше непознат во политичките води, а потоа во 2021 година беше избран во аргентинскиот парламент како член на Ла Либертад Аванза, односно слободарската алијанса „Слободата доаѓа“.

Пред пет години, тој одеднаш ја испроба среќата во телевизиски емисии, а продуцентите брзо сфатија дека на гледачите не им е доста од неговите луди тврдења за неговата сексуална издржливост, како и дрските политички ставови. Отворено зборуваше и за тројки.

Тој, исто така, гордо изјавил дека порано бил инструктор за тантрички секс – бавна, медитативна форма на сексуален однос заснован на источните филозофии каде што крајната цел не е оргазам, туку уживање во процесот, пишува Дејли Меил.