03.06.2015 14:29

Фактор изненадување – клучен за голем број жртви при нападот во Куманово


Потребно е да се изврши целосна и сеопфатна истрага за случувањата во Куманово, не само за да се расветли настанот, туку и за да се спречат идни безбедносни закани, пренесува порталот Охрид Њуз.

Според експертската јавност, таквата истрага ќе ги покаже и сите слабости на безбедносниот систем доколку ги има и ќе помогне во негово реформирање и подобрување.

loading...

– Едно е да седите во кабинет и да планирате друго е кога има непосредна акција, тоа укажува дека има потреба од отварање на овие прашања и дека идентификувањето на прашањата нужно ќе значат и реформи на безбедносниот систем.- вели проф. Цане Мојаноски.

Истрагата за кумановските случувања треба да ја извршат македонските институции сметаат експертите.

-Во секој случај ние како земја треба да имаме одговор, не треба да гледаме меѓународните фактори да решаваат за прашања од нашата безбедност, добро е сами тоа да го направиме, со наши сили и ресурси. – рече проф . Жидас Даскалоски.

Според научната јавност евентуалното инволвирање на меѓународниот фактор не значи секогаш и решавање на проблемот.

-Потребна е политичка волја за да се процесуира итрагата до крај. Се плашам дека не секогаш постои подготвеност кај главните политички чинители не само во земјите кои се соочени со терористички закани, туку и од главните меѓународни актери кои со своето дипломатско и политичко делување можат да ги амортизираат тие закани за тие да не се повторат. Истрагата е битна за да испрати јасен сигнал дека такви дејствија во иднина нема да се толерираат. – изјави Проф. Зоран Кековиќ од Факултетот за безбедност Белград.

 

loading...

Стручните лица сметаат дека факторот изненадување бил клучен за големиот број жртви и штетата која се направи во Куманово. Затоа, сметаат тие, неопходно е создавање на регионален безбедносен центар како одговор на заканите кои доаѓаат од радикалните структури.

– На тој начин многу побрзо ќе се согледуваат безбедносните закани и нивните носители и преку коорднинирана активност на безбеднсоните служби на овие држави многу побрзо ќе се откриваат и елиминираат сите видови на загрозување на безбедноста.-истакна проф. Томе Баткоски.

Експерти од 15 земји од регионот и Европа во Охрид зедоа учество на Меѓународната конференција што се одржа вчера во организација на Факултетот за безбедност од Скопје, на која беа презентирани 127 научни трудови од областа на безбедноста.

Превземено од Охрид Њуз

 


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments