Лидерите од Европската унија договорија итен план за распоредување на над 160.000 бегалци, кои моментално се наоѓаат на територија на цела ЕУ, пренесува МИА, повикувајќи се на извори од британскиот весник „Дејли мејл“.
Според новиот план, бегалците кои се наоѓаат во Италија, Грција и Унгарија ќе бидат пренесени во други држави од ЕУ, според критериумот на вкупен број жители и економскиот просперитет на земјата.
Германија ќе прими најмногу бегалци, или околу 35.000. Во Франција ќе бидат пренесени 26.000, во Шпанија 16.000, а во Хрватска 3.200 бегалци.
Велика Британија според истиот критериум би требало да прими 17.000 бегалци.
Британскиот весник наведува дека според документот на ЕУ, во Унгарија се наоѓаат вкупно 54.000 бегалци, во Италија 39.600 и во Грција 66.400 бегалци.