Европските берзи во пораст: Скокна златото, нафтата под 90 долари за барел

Сподели со своите пријатели

Европските берзански индекси денеска главно се во пораст, златото поскапе, додека во исто време нафтата од типот брент падна под 90 долари за барел.

Loading...

Индексот DAX на берзата во Франкфурт денеска во 9 часот порасна на 18.019,25 поени, францускиот CAC 40 на 8.065,95 поени, московскиот MOEX на 3.459,36 поени, додека лондонскиот FTSE 100 падна на 7.981 поени индексот Dow Jones падна на 37.983,24 поени, индексот S&P 500 на 5.123,41 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.175,09 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 89.050 долари, а на нафтата „брент“ на 89.913 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 30.745 евра за мегават-час, пренесува Танјуг.

Цената на златото порасна на 2.353,74 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4830 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06526, што е приближно исто како и во петокот.