Европските берзански индекси во пораст, како и цените на златото и на пченицата

Сподели со своите пријатели

Европските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на златото и пченицата, додека суровата нафта од типот „брент“ се продава за помалку од 72 долари за барел.

Loading...

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 19.137,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.315,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.666,22 поени, а московскиот MOEX на 2.813,92 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 41.914,75 поени, S&P 500 на 5.722,26 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 18.082,21 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 67.963 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 71.703 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 37.525 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2660,34 долари за унца, а на пченицата на 5,9167 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11571, што е за приближно 0,25 отсто повисока отколку во средата.