Еве какво време нè очекува денес и за викендот што следува

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролоши работи на Република Македонија, во текот на денешниот ден нè очекува сончево и доста топло време со слаб ветер претежно од северен и североисточен правец.

Loading...

Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 11 до 19, а дневната од 30 до 36 степени, а во Куманово од минимални 14, до максимални 35 степени целзиусови.

Што се однесува за деновите од викендот, во сабота ќе се задржи претежно сончево и доста топло време, додека во недела попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Пообилни врнежи се очекуваат во недела преку ноќта и во понеделник, особено во западните и северните делови.

Дневната температура ќе опадне за 7 до 10 степени во споредба со утрешната, па така во понеделник нè очекуваат максимални дневни 21 степени целзиусови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.