Главната болница во Александрополис, во североисточна Грција, е евакуирана поради ширењето на пожарот.
Loading...
Десетици пациенти придружувани од медицински сестри и лекари се префрлени на траектот закотвен во пристаништето како мерка на претпазливост, пренесува greekreporter.com.
Од фотографиите и видеата кои се објавени се гледа дека пациентите се сместени на подот на траектот.
Претходно беа најавени подготовки за евентуална евакуација. Пациентите биле пренесени со возила обезбедени од Министерството за здравство и со помош на полициските сили.
Ветровите ги засилија пожарите во повеќе делови од земјата, а особено е погоден североисточниот.