ЕУ забранува пластична амбалажа во рестораните до 2030 година

Сподели со своите пријатели

ЕУ постигна договор за забрана до 2030 година на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството, пренесува Бета-Франс прес.

Loading...

Сè уште ќе биде дозволено пакување од хартија или картон.

Европратениците се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта да се намали количината на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018 до 2030 година, потоа за 10 отсто до 2035 година и за 15 отсто до 2040 година.

Исто така, забрането е додавање на полифлуороалкилни супстанции (PFAS), кои се штетни „вечни загадувачи“, во пакувањето на храната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Може ли ЕУ воопшто да си дозволи членство на Украина?