ЕУ се подготвува за тешки времиња: Објавува план за одбрана, утре важен самит

Сподели со своите пријатели

Лидерите на земјите-членки на Европската унија утре ќе се соберат на редовен самит на кој ќе разговараат за натамошната помош за Украина, зајакнувањето на европската одбрана, економската конкурентност, миграцијата и ќе ја одржат првата дебата за следниот седумгодишен буџет.

Loading...

Основа за дискусијата за зајакнување на одбраната ќе биде белата книга за иднината на европската одбрана, која Комисијата ќе ја објави пред самитот во среда.

Ќе објави и предлог за воспоставување нов инструмент во вредност од 150 милијарди евра поволни заеми за земјите-членки за инвестиции во одбраната.

Комисијата ќе го позајми овој износ на финансиските пазари, а потоа ќе ги додели овие средства на земјите-членки како поволни заеми за инвестиции во одбранбени проекти.

Комисијата ќе предложи најмалку 65 отсто од овие средства да се потрошат на компоненти произведени во Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Планирам да разговарам со Трамп денеска

Ќе објави и предлог за отстапување од буџетските правила кои предвидуваат буџетскиот дефицит да не смее да надминува три отсто од БДП за да можат земјите-членки да трошат повеќе за одбраната.

Голем пресврт беше направен во петокот во Германија, каде парламентот гласаше за отстранување на уставните ограничувања за задолжување кога станува збор за трошоците за одбрана.

Фон дер Лајен во вчерашниот говор во Копенхаген рече дека Европа мора да се подготви за војна доколку сака да ја избегне.

Loading...

Таа нагласи дека до 2030 година ЕУ мора да изгради силна европска одбранбена позиција, најавувајќи нова иницијатива наречена Подготвеност 2030.

„Подготвеноста 2030 значи повторно вооружување и развивање на способности за веродостојно одвраќање. Подготвеноста 2030 значи да се има одбранбена индустриска база, а за да бидеме „подготвени за 2030 година“, мора да започнеме сега“, рече фон дер Лајен во говорот на Данската воена академија во Копенхаген.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците објавија снимка од нападот: „Па вака ли изгледа паузата на Путин во нападите? (ВИДЕО)

Лидерите ќе разговараат и за иницијативата на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас за дополнителна итна воена помош за Украина до 40 милијарди евра.

Калас предложи земјите-членки да и обезбедат на Украина итна воена помош во вредност од најмалку 20 милијарди и до 40 милијарди евра.

Овој предлог вклучува и набавка на два милиони парчиња артилериска муниција, системи за противвоздушна одбрана и обука на украински војници.

Земјите-членки ќе придонесат во согласност со нивната економска сила во форма на финансиска или материјална помош.

Целта на оваа иницијатива е да се зајакне позицијата на Украина во преговорите што ги води со САД и Русија за прекин на огнот.

Според најавите од Будимпешта, Унгарија ќе ги блокира заклучоците на Европскиот совет со кои се бара побрз пристап на Украина во Европската унија.

Loading...

Сепак, се очекува текстот да го поддржат и останатите 26 држави, како што тоа го направија на последниот вонреден самит пред две недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: На Русија не може да ѝ се верува, Путин не сака да прави отстапки

На самитот е предвидено да се одржи и првата размена на мислења за следниот седумгодишен буџет за периодот од 2028 до 2034 година.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта предлага дискусијата да биде насочена околу две прашања: како да ги обезбеди потребните средства за Европската унија да ги постигне целите што сама си ги поставила и каква ќе биде улогата на сопствените буџетски приходи во наредниот седумгодишен буџет, особено во светлината на фактот за отплата на долгот што е зголемен за економското закрепнување од пандемијата.

Лидерите ќе разговараат со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утре за време на работниот ручек.

За ситуацијата во Украина ќе бидат информирани од претседателот Володимир Зеленски, кој ќе се приклучи преку видео врска.