ЕУ сака да го намали бројот на самоубиства за една третина до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Самоубиствата се шеста водечка причина за смрт кај жителите на земјите-членки на ЕУ, а повеќе од 150 милиони луѓе имаат проблеми со менталното здравје, според Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за ментално здравје, чија цел е подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на достапноста на услугите и стручниот кадар и намалување на бројот на самоубиства за една третина до 2030 година.

Европратениците во резолуцијата предупредија дека писменоста за ментално здравје е многу ниска во споредба со писменоста за физичко здравје, што може негативно да влијае на склоноста на поединците да бараат психолошка помош.

Тие додаваат дека во многу земји-членки постојат бариери за пристап до услуги, како што се дополнителни трошоци, долги листи на чекање, недостаток на специјалисти, стигматизација и создавање дополнителни социо-економски нееднаквости.

ЕП предлагаат создавање на долгорочна европска стратегија за ментално здравје, фокусирајќи се на членовите на ранливите групи и барајќи имплементација во образовните системи на земјите-членки.

„Самоубиствата се шестата причина за смртта на жителите на земјите-членки на ЕУ“, изјави за Хина европратеничката Сунчана Главак, заменска членка на Комитетот што поднесе извештаи за менталното здравје.

Втората најчеста причина за смрт кај младите во Европа

Таа го наведе создавањето на висококвалитетна и навремена база на податоци за самоубиства и подобро следење и регистрирање на случаите на самоповредување како клучен аспект за справување со тој проблем.

„Мерките имаат за цел да ја намалат стапката на самоубиства преку комбинација на превентивни мерки, едукација, подобрена грижа за менталното здравје и поодговорно известување“, заклучи таа.

Loading...

Самоубиството или самоповредувањето е втора најчеста причина за смрт кај младите во Европа на возраст меѓу 15 и 19 години, предупредува ЕП.

Истражувањето на ОБСЕ и Европската комисија покажа дека 70 отсто од децата и адолесцентите со ментални нарушувања не добиваат соодветна и навремена здравствена заштита.

Анксиозноста и депресијата се најчестите нарушувања кај младите луѓе, а од нив страдаат околу девет милиони адолесценти на возраст од 10 до 19 години.

СЗО предупреди дека прекумерната употреба на социјалните мрежи негативно влијае на менталното здравје на младите, а како несакан ефект се појавува таканареченото сајбер насилство меѓу врсниците.