ЕУ подготвува нови санкции против Русија: Калас најави голем пресврт

Сподели со своите пријатели

ЕУ има намера значително да ги прошири санкциите против Русија во наредните месеци, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, за еден германски весник.

„Санкциите на ЕУ веќе скапо ја чинеа Русија, лишувајќи ја нејзината воена машинерија од повеќе од милијарда евра, а за есен предлагам најдалекусежни санкции и додавање на нови лица и субјекти на списокот на санкционирани од почетокот на војната“, изјави таа за германскиот весник „Ди Велт“.

„Откако ќе бидат усвоени, тие веднаш ќе го зголемат вкупниот број на санкционирани руски субјекти за една третина. Притисокот мора да продолжи да расте сè додека Москва не ја заврши војната.“

Калас не даде дополнителни детали за времето на воведување или содржината на новиот пакет санкции.

Во јули, ЕУ го одобри својот најнов пакет санкции против Русија поради војната во Украина, воведувајќи ограничувања на банкарскиот сектор и мрежите поврзани со криптовалути.