ЕУ ќе одговори пропорционално на сите американски царини

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе одговори на пропорционален начин на какви било царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис.

Loading...

„Ако има потреба да ги браниме нашите економски интереси, ќе одговориме на пропорционален начин“, изјави Домбровскис за телевизијата CNBC на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Тој додаде дека ЕУ е подготвена да ги брани своите „вредности, интереси и права доколку е потребно“.

Домбровскис истакна дека САД и Европа се стратешки сојузници и дека за нив е важно да соработуваат, и геополитички и економски, и дека глобалниот раст може да настрада доколку се нарушат економските односи меѓу Вашингтон и Брисел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Олаф Шолц: Ќе ги издржиме „неизвесностите на Трамп“

„Важно е да се одржи овој трговски и инвестициски однос бидејќи тоа би довело до глобална економска фрагментација и постои реален ризик тоа да се случи, а ММФ проценува дека тоа би значело намалување на светскиот БДП до седум отсто – изјави Домбровскис.

Американскиот претседател Доналд Трамп утринава најави дека ќе воведе царини за стоки од Европската унија и Кина.

„Европската унија ни прави многу штета. Затоа тие ќе бидат погодени со царини. Тоа е единствениот начин… да се постигне правичност“, рече американскиот претседател.

Тој, исто така, рече дека неговата администрација разговара за воведување дополнителни 10 отсто царини за стоки увезени од Кина, почнувајќи од февруари.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез најави дека на граѓаните кои не се членки на ЕУ ќе им биде забрането да купуваат недвижен имот во Шпанија

Трговскиот биланс претставува посебен проблем за Трамп, бидејќи ЕУ имаше суфицит во трговијата со стоки со САД во 2023 година, но дефицит во услугите во истиот период, според CNBC.

Во 2023 година, ЕУ извезла стоки во вредност од повеќе од 502 милијарди евра во САД, додека нејзиниот увоз од САД бил во вредност од повеќе од 340 милијарди евра, што резултирало со суфицит, според податоците на Европската комисија.