Ердоган: Шведска не може во НАТО додека не ги предаде терористите

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека се додека Шведска не ѝ испорача на Анкара осомничени за тероризам, Турција нема да го одобри нејзиното членство во НАТО.

Loading...

Новиот шведски премиер Улф Кристершон побарал средба по ова прашање и средбата би можела да се одржи во Турција, изјави Ердоган на новинарите кои го придружуваа при враќањето од посетата на Азербејџан, пренесе „Дејли Сабах“, пренесува Танјуг.

Ердоган рече дека борбата на Турција против тероризмот е бескомпромисна и нема да прави отстапки.

Шведска ќе ги удвои своите напори за спроведување на трилатералниот договор потпишан со Турција за екстрадиција на терористите, рече Кристерсон во четвртокот.

Шведска и Финска, за да станат полноправни членки на НАТО, нивното барање за прием мора да биде ратификувано од парламентите на 30-те земји членки на Алијансата.

Досега тоа го направиле 28 земји-членки, освен Турција и Унгарија.