Ердоган се сретна со Абас: „Разговараа за масакрите на Израел на палестинските територии“

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со палестинскиот лидер Махмуд Абас на разговори за конфликтот во Појасот Газа, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Loading...

Во соопштението се наведува дека двајцата лидери доцна синоќа зборувале за „масакрите извршени од Израел на палестинските територии“ и за неопходните чекори за воспоставување траен прекин на огнот и мир.

Во соопштението се нагласува дека Ердоган ветил дека ќе продолжи да ја поддржува оправданата борба на Палестина и дека ќе работи на зајакнување на притисокот на меѓународната заедница врз Израел, особено во исламскиот свет, како и на испораката на хуманитарна помош и воспоставувањето на мирот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

 

 

Вчера Абас пристигна во Турција во посета која доаѓа во моментот на заканата на Иран за одмазда против Израел за убиството на лидерот на политичкото биро на палестинското милитантно движење Хамас Исмаил Ханије во Техеран, што предизвикува загриженост за можноста за конфликтот се шири во регионот.

Ердоган го покани Абас да го посети откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа говор пред американскиот Конгрес во јули.

Loading...

Палестинскиот лидер во текот на денот ќе им се обрати на членовите на турскиот парламент во Анкара.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петмина мртви во израелски напади врз Либан, тројца во напад на Газа